Роботи волци чуваат имоти во Јапонија за да штитат од мечки

Објавено на 12.11.2020 во Новости



Роботи волци чуваат имоти во Јапонија за да штитат од мечки

Во Јапонија има роботи волци што испуштаат чудни механички звуци и очите црвено им светкаат, со цел да ги бркаат мечките. Сигурно ќе помислите дека се работи за страшен филм, но не се работи за филм, туку градските власти на градот Такикаве, во близина на островот Хокаидо, примениле таков радикален пристап во борбата против опасните гости - мечките.

Забележано е зголемено движење на мечки во населените места во Јапонија, а зголемен е и бројот на напади. Во последните две години убиени се две лица. Причините за оваа појава е проширувањето на градовите во шумските области, како и уништувањето на шумите, со што се намалува просторот на живеењето на мечките, како и недостатокот на храна за мечките. 

Автор: Aleksandar Stankov