Huawei Mate X2 веќе е одобрен и наскоро пристигнува
Објавено на 20.11.2020 во Новости
Huawei веќе ги обезбеди сите неопходни сертификати и одобренија за новиот флексибилен смартфон на преклоп кој ќе биде нивни втор од ваква категорија.
Се очекува наскоро да пристигне новиот Huawei Mate X2 кој кога ќе биде споен ќе има големина на екранот од 8 инчи, ќе работи со најновиот осум-јадрен Kirin 9000 процесор и ќе се полни екстра брзо до полнач со капацитет од 66W.
Huawei Mate X2 овој пат ќе понуди поразличен механизам на склопување на екранот навнатре наместо нанадвор како неговиот претходник и би требало да располага со многу поиздржливо и попрактично тело.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.