Samsung со масовно производство на OLED панели за лаптопи

Објавено на 21.01.2021 во Новости



Samsung со масовно производство на OLED панели за лаптопи

Samsung откако ги наметна OLED панелите како нов стандард за дисплејите за смартфони, сега планира истото да го направи и во категоријата на лаптопи. 

Компанијата ќе започне со масовно производство на OLED панели за лаптопи и ноутбуци со големина од 14 инчи па нагоре во зависност од потребите на брендовите и со различен степен на резолуција.

Новите OLED панели на Samsung ќе зрачат со 90Hz и ќе трошат минимална енергија со цел да се обезбеди долготрајна работа на батеријата без дополнителни напори, а ќе имаат одлична прегледност, израз на бои, длабочина на сликата и контраст.