Јапонски робот ги замолува луѓето да носат маски

Објавено на 26.01.2021 во Новости



Јапонски робот ги замолува луѓето да носат маски

Јапонскиот робот Pepper доби нова функција преку која ќе може да ги скенира лицата на луѓето и да ги замоли да стават маска за заштита од пренесување на корона вирусот доколку не ја носат на места каде што тоа е препишано.

Роботот на гигантот SoftBank се користи во туризмот и угостителството како и во трговијата, а може да се најде и во големите шопинг центри, односно сите локации каде е задолжително носење на заштитна опрема за КОВИД-19.

Скенирањето на лицата на луѓето роботот Pepper го прави преку вградената камера и учтиво ги замолува да стават маска.