Google и во Incognito Mode на Chrome собирал податоци за корисниците

Објавено на 18.03.2021 во Новости



Google и во Incognito Mode на Chrome собирал податоци за корисниците

Google се соочува со нов скандал откако постои можност за покренување на судска постапка во која ќе треба да се докаже дека технолошкиот гигант собирал податоци за корисниците и додека бил активиран Incognito Mode на Chrome.

Според тврдењата Google го мамел корисниците дека не се бележат податоците за историјата на нивното сурфање со Incognito Mode на Chrome при што се собирале и информации за логинзи, пасвордот и кориснички налози.

Доколку биде утврдена вина Google се соочува со можна казна од 5 милијарди долари и оштета на корисниците.