Како изгледа спамирање на мејл?

Објавено на 02.10.2021 во Новости



Како изгледа спамирање на мејл?

Доколку сакаме да се намалат злоупотребите на интернет, тогаш треба да се едуцираме. Еве нам ни стигна еден мејл, за кого сакаме да ви демонстрираме како се почнува разговор со некој што сака да ве измами и да му ги дадете вашите лични податоци.

Претходната пошта беше дека се бара лична банкарска сметка за да ви ги префрли парите, кои што биле во огромен број, а случајно сте одбрани вие за да го добиете огромното наследство/богатство. Секогаш кога ќе видите ваква „убава“ и пријатна порака, знајте дека сте измамени, само доколку претходно не сте контактирале некого.