Polaroid SC1630 Smart Camera - камера или смартфон?
Објавено на 16.01.2012 во Новости
Изгледа беше прашање на време кога дигиталните апарати, камери, ќе ја преземат улогата на засебни уреди и ќе нудат можности како смартфони.
Еден таков пример е Polaroid SC1630 Smart Camera што претставува дигитален апарат од 16 мегапиксели. Овој уред има 3,2 инчен LCD дисплеј, Wi-Fi, Bluetooth, 3 пати оптички зум, како и слот за micro SD мемориска картичка.
А, за сè да оди како што треба се грижи Android OS со многу апликации.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.