LG го најави Optimus LTE2 со 2GB RAM меморија
Завчера, LG го најави новиот смартфон Optimus LTE2 кој доаѓа со подобрен дизајн и едно од поважните работи, 2GB RAM меморија.
Дисплејот поседува TrueHD IPS технологија и веројатно ќе прикажува 720p слика. Иако процесорот не е познат, големината на меморијата кажува дека ова е телефон со многу силни перформанси, па така не би требало да се грижиме и за процесорот кој веројатно ќе има четири јадра – веројатно Qualcomm Snapdragon S4.
Другите особини вклучуваат бежично полнење, LTE поврзување, камера која се управува на глас, батерија на 2,150mAh и Android 4.0.
Телефонот најпрво ќе се појави во Кореја (во мај), за потоа да стане достапен и во цел свет.
Само уште да споменеме дека телефонот ќе му биде главен конкурент на Galaxy S III, а беа и претставени во исто време.