Sony промовира два нови смартфони

Објавено на 12.05.2012 во Новости



Sony промовира два нови смартфони

На пазарот наскоро треба да пристигнат  Xperia GX и Xperia SX, но моментално ќе бидат достапни само во Јапонија.

Двата нови адути на Sony Mobile имаат 1.5GHz dual-core процесор и ќе работат на оперативниот систем  Android 4.0 Ice Cream Sandwich.

Помоќниот Xperia GX ќе има камера со 13 мега пиксели, како и нешто поголем екран од 4.6 инчи и 16 гигабајти флеш меморија.

Xperia SX има помал екран од 3.7 инчи, но затоа пак ќе биде доста полесен со само 95 грама, што го прави најтенкиот LTE смартфон. Овој телефон има камера од 8 мега пиксели и меморија од 8 гигабајти.

Сеуште нема детали околу тоа по која цена ќе се продаваат телефоните и дали ќе ги бидат достапни и надвор од Јапонскиот пазар.