HTC го лансира Desire C, најновиот смартфон со Beats Audio

Објавено на 15.05.2012 во Новости



HTC го лансира Desire C, најновиот смартфон со Beats Audio

 

По успешното лансирање на серијата One, HTC го претстави својот најнов телефон, HTC Desire C.

Со технологијата Beats Audio, Desire C е смартфон, со врвен дизајн а сепак достапен, кој ви овозможува да ја слушате музиката токму така како што ја замислил музичарот.

Достапен во црвена, бела и црна боја, и со HTC Sense 4.0 интегриран со Android 4.0 (Ice Cream Sandwich), HTC Desire C е одличен како прв смартфон или како унапредување од веќе постоечкиот. Со моќна батерија и нудејќи пристап до илјадници апликации, игри, музика и филмови - достапни преку Google Play  - секогаш ќе бидете поврзани и ќе се забавувате, независно каде сте, на работа, дома или во движење.

‘‘Слушањето музика е едно од најпопуларните нешта за кои луѓето ги користат своите телефони, па затоа е поважно од кога и да е да ги пренесеме моќта и емоциите на уметникот од студиото ‘‘ вели Џејсон Мекензи, Претседател на интернационална продажба и маркетинг за ХТЦ корпорацијата.

 

Премиум дизајн

Комбинирајќи издржлива метална рамка со прецизна изработка, HTC Desire C е идеален за оние кои сакаат телефон со премиум дизајн. Може да се пофали со микро-издупчена слушалка за јасно слушање на дојдовните повици, хипер агол за гледање на екранот и метална рамка за камера, овој компактен смартфон нуди неспоредливо ниво на дизајн и корисничко искуство во својата класа. 

Дизајниран за споделување

Пакувајќи ја најновата мобилна технологија во чист и атрактивен дизајн, динамичниот 3,5-инчен HVGA екран на HTC Desire C овозможува лесно пребарување на интернет, гледање фотографии и поврзување со пријателите и семејството. Ако сакате личните искуства да ги споделите на вашата социјална мрежа, камерата од 5 мегапиксели на HTC Desire C и можноста за инстантно споделување ќе ви овозможат да постирате во секој момент, само секунди откако сте сликале.

Преку длабоката интеграција кај HTC Desire C на Dropbox и слободен онлајн простор од 25GB , слободно можете да направите безбеден back-up, да пребарувате и да споделувате илјадници фотографии, видеа и документи, без оглед дали се зачувани локално или во облакот.

HTC Desire C ќе биде достапен во Македонија во јуни.

Автор: Aleksandar Stankov