HTC One XXL ќе има четири јадра

Објавено на 23.06.2012 во Новости



HTC One XXL ќе има четири јадра

 

Некои гласини почнаа посигурно да тврдат дека HTC One XXL ќе има две јадра повеќе од XL, подобра графичка и повеќе RAM меморија.

Ако може да и се верува на сликата, телефонот ќе има 4,7 инчен дисплеј, главна камера од 8 и секундарна од 1,8 МП и кодно име „Closurexxl“.

 

Сепак, најинтересни се информациите за процесорот – четири јадрен Snapdragon S4 со Krait процесор, 2GB RAM меморија, Adreno 320 GPU графичка и LTE поврзување.

Моментален чипсет кој одговара на оваа конфигурација е Qualcomm APQ8064.