VIP ексклузивно ни го носи LG Т385 Wi-Fi

Објавено на 09.08.2012 во Новости



VIP ексклузивно ни го носи LG Т385 Wi-Fi

LG Т385 Wi-Fi, телефонот кој дебитираше на Mobile World Congress 2012 и остави многу подотоврени усти, сега дојде и кај нас ексклузивно достапен во Vip, по цена од 0 ден.

Запознајте го најновиот LG Т385 Wi-Fi, чиј елегантен и префинет дизајн ќе го надополни вашиот животен стил! Со компактни димензии и стилски линии, LG Т385 Wi-Fi е модерен и префинет телефон. Благодарение на 3,2-инчниот дисплеј, со LG Т385 Wi-Fi добивате јасна слика за светот околу вас. Сите мултимедијални содржини пред вас се отвораат со само еден допир, а на секоја ваша наредба дисплејот реагира веднаш!

Новиот LG Т385 Wi-Fi е во чекор со вашите случувања на најпопуларните социјални мрежи. Приклучете се преку Wi-Fi конекција каде и да сте, бидете активни и споделете ги вашите импресии, статуси, видеа и слики. Бидете постојано во контакт со вашите пријатели и споделете ги со нив и вашите нови супер фотографии, создадени со одличната камера на LG Т385 Wi-Fi! Ова е телефон кој ќе Ве воодушеви со својата мултимедијалност - екран со одлична проекција за видео, 3.5mm аудио приклучок за да уживате во вашата омилена музика каде и да сте, како и можност за користење на microSD картичка со поддршка до 16GB, за вашите омилени фотографии, музика и видеа.

LG Т385 Wi-Fi има и microUSB влез со кој ќе се поврзете со останатите ваши електронски уреди што имаат USB влез, како и со вашиот компјутер, преку кој може и да го полните вашиот LG Т385 Wi-Fi. За поврзување и споделување и со Вашите пријатели, тука е и можноста за Bluetooth® конекција.

Подгответе се за едно сосема поинакво искуство со LG Т385 Wi-Fi, кој отсега ви е ексклузивно достапен во Vip, по цена од 0 ден. со избор на Vip Free M и постпејд договор склучен на 24 месеци! Побрзајте, откријте ги бројните можности на LG Т385 Wi-Fi и тој набрзо ќе стане Ваш миленик.