Вип сега има над 600.000 корисници

Објавено на 16.08.2012 во Новости



Вип сега има над 600.000 корисници

Операторот Вип, дел од Телеком Австрија Групацијата, вториот квартал за оваа година го заврши со зголемен број на корисници и сега брои над 600.000 корисници.

Имено, во најновиот извештај на Телеком Австрија Групацијата, се вели дека нашиот втор оператор кој брзо расте сега има над 600.000 корисници, односно 26.0% од македонскиот пазар.

Приходите се зголемија за 10.4% и во вториот квартал на 2012 година изнесуваат 14.6 милиони ЕУР, како резултат на зголемувањето на корисничката база, поголемиот сообраќај и приходите од интерконекција.

- „Одамна покажавме дека квалитативниот раст на Вип оператор не е случаен, туку напротив долгорочно оддржлив. Резултатите од последното тромесечје се само уште една потврда за тоа, потврда дека посветеноста и вложената енергијата да се излезе во пресрет на барањата и потребите на корисниците, во целиот изминат период,  не може, а да не ја добие својата пазарна верификација. Горди сме што таа пазарна верификација значи повеќе од 600,000 задоволни членови на нашето Вип семејство за кое немаме сомневање дека ќе продолжи да расте. Во очекување на почетокот на оперирање со сопствена 3Г мрежа,  уверени сме дополнително ќе се подобрат и збогатат услугите кон корисниците“, изјави Никола Љушев, главен извршен директор на Вип оператор.