LG го претстави Optimus G
Објавено на 29.08.2012 во Новости
Корејската компанија LG, деновиве го претстави нивниот нов моќен смартфон Optimus G со прекрасен дизајн и слични перформанси.
Optimus G работи на четири-јадрен процесор, истиот како кај HTC One S, новата Adreno 320 GPU графичка картица и 2GB RAM меморија.
Се разбира, сликата не би била целосна без 4,7 инчен True HD IPS, главна камера од 13 мегапиксели, Android 4.0, Ice Cream и батерија од 2,100mAh која што ќе треба да го издржи сè тоа.
Optimus G ќе оди на продажба следниот месец во Кореја, а за меѓународен пазар ќе треба да помине извесно време, иако и тоа не е далеку.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.