Apple Maps e нереализирана идеја на Стив Џобс

Објавено на 04.10.2012 во Новости



Apple Maps e нереализирана идеја на Стив Џобс

Новиот извештај на медиумската агенција Bloomberg тврди дека идејата за сопствена апликација за мапи била идеја на Стив Џобс, а најголем мотив за тоа била омразата кон Google.

Вака наведената информација како да се обидува да го обвини Стив Џобс, но тој покрај омразата имал и реални причини за развој на сопствена апликација како сервис за навигација, информации за сообраќајот и мапи. Една од причините е и ограниченоста на апликацијата на Google, кој сакал да ги задржи ексклузивните сервиси само платформата на Android, нудејќи им на Apple само основен сервис.

Проектот го започнал Џобс со формирање на таен тим внатре во Apple, но идејата не е реализирана до ден денес. Причината за неуспехот е тоа што не е најден соодветен партнер за споделување на податоците од корисниците, бидејќи апликациите на останатите конкуренти се темелат врз тој сегмент.

Во продолжение беше избран TomTom и други компании како соработници, но Apple Maps e далеку од корисна апликација, затоа е прашање дали Стив Џобс кој беше краен перфекционист ќе дозволеше да се лансира воопшто во iOS 6.





Прочитајте повеќе: