Nokia закажа конференција на MWC за 25 февруари

Објавено на 30.01.2013 во Новости



Nokia закажа конференција на MWC за 25 февруари

 

Nokia веќе испрати покани до медиумите за големиот Светски Мобилен Конгрес - MWC 2013, настан кој ќе се одржи во Барселона за 25 февруари.

Како и вообично кога се присутни на MWC, Финците ја закажуваат нивната прес-конференција за првиот ден на саемот, во понеделник во 9:00 часот.

На Светскиот Мобилен Конгрес минатата година, Nokia го претстави 808 PureView со 41MP монструозна камера, кој беше еден од најзапаметените уреди на настанот, како и нивниот смартфон со прифатлива цена - Lumia 610. И оваа година, Nokia има поставено прилично високи цели така што едвај чекаме да видиме кои се тие.

Ако неодамнешните гласини се точни, Stephen Elop и неговите сигурни инженери ќе го претстават новиот смартфон од серијата Lumia, кој ќе биде со сосема нов дизајн. Според шпекулациите шасијата од поликарбонат ќе биде заменета со алуминиум. Исто така, постои голема можност да биде претставен и првиот соодветен PureView WP8 смартфон.

За помалку од месец дена ќе го дознаеме изненадувањето кое го донесува Nokia.