Samsung Galaxy Q прв со флексибилен екран

Објавено на 05.02.2013 во Новости



Samsung Galaxy Q прв со флексибилен екран

Според најновите информации има можност Samsung наскоро да презентира нов смартфон кој ќе биде прв со екраните со технологија на превиткување која неодамна имавме можност да ја видиме на CES 2013.

 

Samsung Galaxy Q може да се појави најрано на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, кој ќе се одржи наскоро, но тој сепак нема да биде како што сите замислуваат, туку ќе има два дела на екранот кои се превиткуваат, односно се спојуваат во еден супер екран, но може да се користат и одвоено бидејќи секој ќе има одлична резолуција од 1920 х 1080 пиксели.

Смартфонот може да се појави кон крајот на месецот и ако сеуште не е подготвен добро би било да видиме барем негова пробна верзија, која ќе биде чекор поблиску до замислата за флексибилни екрани на превиткување. Од останатите карактеристики се споменува и камера од 8 мегапиксели, двојадрен Exynos процесор и 2 GB RAM, потоа оперативен систем Android 4.1 и супер издржлива батерија.