LG со осум-јадрен процесор и нов Optimus G

Објавено на 25.02.2013 во Новости



LG со осум-јадрен процесор и нов Optimus G

 

LG ќе влезе во нова борба со своите најголеми конкуренти најавувајќи нов осум-јадрен процесор кој ќе биде во нивно производство и со одлична примена на HKMG технологијата за заштеда на енергија и голем капацитет на перформансите. 
 
LG е компанија која во мината година направи најголем напредок и успеа да го освои третото место во врвното друштво на мобилни произведители и се наоѓа веднаш зад Apple и Samsung. Со овој потег LG директно атакува на Samsung кој најверојатно нема да успее да го употреби својот нов процесор на Galaxy S IV, со што LG ќе успее да издвојува нова победа.
 
Тоа се должи на одличните премиум смартфони LG Optimus G и останатите од серијата Optimus, како врвниот и Nexus 4 кој го изработија за Google. Продажбата на овие смартфони бележи одлични резултати и LG успеа да лансира уреди со врвни карактеристики. Сега се најавени нови уште поспектакуларни продолженија на серијата Optimus и нов осум-јадрен процесор.