Asus го прикажа моќниот „трансформер“ Padfone Infinity

Објавено на 25.02.2013 во Новости



Asus го прикажа моќниот „трансформер“ Padfone Infinity

 

Asus успеа за краток рок да го изненади светот на мобилната технологија со лансирање на одлични уреди кои ќе си најдат место во премиум сегментот. Новиот уред е смартфон кој лесно се трансформира во таблет е наречен Padfone Infinity и е составен од најквалитетни компоменти.

Asus Padfone Infinity Asus Padfone Infinity

Asus Padfone Infinity е најавен како револуција на хибридните уреди, обезбедувајќи притоа високо ниво на функционалност која ги спојува двата света. Поединечно смартфонот има 5 инчен Full HD екран, со резолуција од 1080 пиксели, одличен четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 600 процесор со брзина од 1.7 GHz, 2 GB RAM, Adreno 320 GPU и различни верзии за достапна меморија од 32 GB и 64 GB, како и можност за надополнување преку microSD мемориска картичка.

Камерата на Asus Padfone Infinity има сензор од 13 мегапиксели, F/2.0 леќи, Sony BSI технологија и LED блиц. Дизајнот на смартфонот е многу квалитетен со изборот на алуминиум и е многу тенок со само 6.9 мм на најтенката точка. Asus Padfone Infinity има батерија со капацитет од 2.400 mAh која доволно говори сама за себе. За оперативниот систем е задолжен Android Jelly Bean 4.2, а Asus е познат по тоа што не прави големи интервенции во интерфејсот, освен неопходните сопствени виџети за подобрување на функционалноста.

Asus Padfone Infinity Asus Padfone Infinity

Големо подобрување има и кај таблет станицата која исто така го носи HD епитетот со резолуција до 1200 пиксели, а најмногу се издвојува батеријата со огромен капацитет од 5000 mAh.Таблетот има големина на екранот од 10 инчи, тежок е 530 грама и е дебел само 10.7 мм. За да го користите таблетот мора да го вметнете смартфонот во лежиштето кој ја обезбедува хардверската конфигурација.

Компанијата претходно беше добро позната по пласманот на иновативни уреди, кои се две во едно, спојувајќи ја функцијата на смартфон со таблет и досега ни беа познати Asus PadPhone и Asus PadPhone2, каде акцентот беше ставен на смартфонот, кој на лесен начин се вметнува во докинг станица за таблет. Овој пат добивате комплетен производ, односно два квалитетни уреди во едно.

Автор

Христијан Станоевиќ