Microsoft го објави првото официјално видео за Windows 8.1

Објавено на 05.06.2013 во Новости



Microsoft го објави првото официјално видео за Windows 8.1

Денес Microsoft официјално ја најави новата верзија на Windows 8.1 претставувајќи видео од 4 минути во кое може да се види првичниот изглед на надградениот Windows 8.

Во видеото може да се видат новите опции кои се додадени на системот како и проблемите кои Microsoft ги реши со оваа верзија. Во Windows 8.1 ќе има нови големини на плочките, слики со рамки за заклучување на екранот, позадини на екранот, сортирање на апликациите, и се разбира враќање на Start копчето на десктопот.

Погледнете ја презенатцијата на Jensen Harris од новиот тим на Windows со промените кои ги донесува оваа надградба .

Како што можете да видите, најголем дел од промените се површни по нивната природа, и не многу во однос на функционалноста. Како и да е, повеќе за ова ќе дознаеме на 26 јуни кога Microsoft планира да ја претстави верзијата Windows 8.1 на годинешната конференција Build.