Осум-јадрени процесори во секој смартфон

Објавено на 04.07.2013 во Новости



Осум-јадрени процесори во секој смартфон

Тајванскиот производител на чипови MediaTek најави дека наскоро ќе го лансира својот прв осум-јадрен процесор, а имајќи во предвид дека се работи за компанија со многу пониски цени очекувано е овие процесори да најдат широка примена, па дури и во смартфоните од ниската и средната класа.
 
 
MediaTek oфицијалнo ги најави своите нови чипови, а најмногу внимание привлекува осум-јадрениот процесор за смартфон со неверојатна брзина од 2 GHz. За споредба сличен процесор има и Samsung Exynos но со брзина од само 1.6 GHz и тој е употребен во европската верзија на Samsung Galaxy S4.
 
 
MediaTek е присутен кај голем број на уреди кои се навистина поевтини од производите на Qualcomm, но затоа пак имаат послаби перформанси. Речиси секој кинески производител ги користи MediaTek процесорите и затоа имаме огромна навала на евтини смартфони со четири-јадрени процесори.