Lenovo прв пат продал повеќе смартфони од лаптопи

Објавено на 15.08.2013 во Новости



Lenovo прв пат продал повеќе смартфони од лаптопи

Компанијата Lenovo подолго време го држи рекордот на најуспешен производител на преносни компјутери со водечка позиција на пазарот, но интересно е што за прв пат бројот на продадени смартфони е поголем.
 
 
Lenovo со овој успех го освои четвртото место на глобалниот пазар по продажба на смартфони, веднаш зад водечките Samsung, Apple и Nokia. Најголемиот дел од продадените смартфони се должат на интересот на домашниот пазар во Кина каде завршуваат 40 проценти од испораките, но зголемен е и бројот на продажбата на интернационално ниво.
 
 
Lenovo заработил над 170 милиони долари во последниот квартал од година и остварил вкупен промет од неверојатни 9 милијарди долари. Ова не значи дека бизнисот со преносни компјутери е намален, напротив само во последните три месеци се продадени над 12 милиони уреди ширум светот.




Прочитајте повеќе: