Desire 300 претставен од страна на HTC

Објавено на 06.09.2013 во Новости



Desire 300 претставен од страна на HTC

Овој модел го одликува 4.3 инчен WVGA екран, а уредот работи на оперативниот систем Android 4.2.2 Jelly Bean, како и корисничкиот интерфејс на HTC – Sense. Што се однесува до хардверот тука се 1 Ghz dual-core Snapragon S4 чипсет, 512 MB RAM меморија, 4 GB интерна меморија од која е слободно само 1.2 GB, но тука е слотот за microSD картичките.

Новиот телефон има камера од 5 мегапиксели, потоа Bluetooth 4.0 конекција, како и батерија од 1650mAh.

HTC Desire 300 неможе да го користи HTC Zoe, но пристигнува со Blinkfeed, кој го ротира екранот на вашиот смартфон во динамичката листа за ажурирањата со друштвените мрежи. И овој модел се очекува во продажба да се најде веќе следниот месец.