Докторите загрижени за децата кои користат мобилни

Објавено на 30.10.2013 во Новости



Докторите загрижени за децата кои користат мобилни

Се почесто гледаме како децата од најмала возраст започнуваат да користат електронски и мобилни уреди и за нив стануваат исто како играчки, но со опасност да го загрозат здравјето и правилниот раст и развој.
 
 
Секој родител треба да ги зме во предвив препораките на докторите од Американската академија на педијатри кои изработија водич за користење на мобилните телефони кај децата во соработка со повеќе светски здруженија.
 
 
Според нив децата на возраст до две години не треба воопшто да користат мобилен телефон, таблет или компјутер затоа што зрачењето од екранот може да биде многу штетно за нивниот вид, а исто така се нарушува и менталниот развој па се зголемува ризикот од деменција.
 
 
Понатаму кај децата на возраст до четири години веќе се забележани загрижувачки последици и почесто има појава на „зависници“ од електронските уреди и играњето игри и користењето на интернет. Затоа педијатрите порачуваат да им го ограничите времето на децата кое го поминуваат пред компјутер или мобилен на помалку од два часа дневно.
 
Автор: Aleksandar Stankov