Може ли да го оставите телефонот за момент

Објавено на 12.11.2013 во Новости



Може ли да го оставите телефонот за момент

Новите паметни телефони имаат огромен број на функции со кои полесно комуницираме, го организираме работниот ден, дознаваме нови информации и сме достапни за секого. Но, големиот број на забавни функции на телефоните понекогаш прават да се отсечеме од светот околу нас.
 
 
Оваа тема можеби не е нова, а сигурно многумина од вас го имаат забележано чудното однесување кога луѓето наместо да разговараат очи во очи, зјапаат во мобилниот. Доколку е така мора да го погледнете краткиот филм „ I Forgot My Phone “ кој стана интернет хит со огромна посетеност на YouTube.
 
 
Во него се прикажани навидум едноставни ситуации од секојдневието и понекогаш употребата на мобилните телефони е помалку пренегласена, но поентата е на место, треба повеќе да им посветите внимание на луѓето околу вас и да ги споделите убавите моменти во живо, а не преку екранот на смартфонот.