ОНЕ одбележа 11 години на македонскиот пазар

Објавено на 12.11.2013 во Новости



ОНЕ одбележа 11 години на македонскиот пазар

Со голема роденденска забава, вчера вечер во клубот Експо, ОНЕ одбележа 11 години од постоењето на компанијата и 4 години од влезот на Телеком Словеније на македонскиот пазар.

На забавата присуствуваа вработените во компанијата, бројни гости од бизнисот и политиката, како и гости од естрадата, а за одличната забава се погрижија познатите македонски ѕвезди, Каролина, Аделина и Слаткар, зад кои веќе неколку години стојат брендот на ОНЕ и Џабест, а забавата продолжи во ритамот на ДЏ Гоце Саф.

Присутните гости ги поздрави Генералниот извршен директор на компанијата, г. Цирил Кафол кој за оваа прилика, меѓу другото, истакна:

За 11 години, многу работи се изменија, првенствено на полето на самата индустрија. Но, ние секогаш настојувавме да бидеме први и во чекор со телекомуникациските трендови. Денес ОНЕ е препознатлив бренд и оператор кој нуди технолошки најнапредни решенија, а нашето семејство брои близу 700.000 задоволни корисници. На самиот крај, Кафол накратко информираше за идните планови на компанијата, најавувајќи ги наскоро новите Клауд решенија на пазарот.

Во име на Групацијата на присутните им се обрати и Претседателот на УО на Телеком Словеније, г. Рудолф Скобе кој накусо го честита роденденот на компанијата и посака уште многу години успешна работа.

Симболиката на настанот “11.11- 11 години со вас”е потсетување на првото ало кое беше реализирано пред 11 години, а датумот пак потсетување на 11.11.2009 година кога на пазарот влезе Телеком Словенија и го лансираше брендот ОНЕ.