Intel се пишмани за мобилниот пазар

Објавено на 03.02.2014 во Новости



Intel се пишмани за мобилниот пазар

Комапнијата Intel е една од најуспешните во сферата на производство на чипсети и процесори за персонални компјутери и лаптопи, но по намалувањето на нивната побарувачка се обидоа да го освојат пазарот на смартфони. Оваа стратегија полека се покажува како целосен дебакл бидејќи не успеаа да обезбедат ниту еден сигурен партнер.
 
 
Пазарот на чипсети за смартфони и таблети е речиси целосно окупиран од Qualcomm кој со серијата на процесори Snapdgragonn e присутен во секој втор уред и соработува со Samsung, LG, Sony, HTC, Nokia и Blackberry. Втор е се посилниот Mediatek кој понуди многу евтини четири и осум јадрени процесори, додека малку надеж има за Nvidia со супермоќните Tegra 4 и Tegra 5. Затоа Intel се предомислува дали воопшто да вложува ресурси во понатамошна борба со веќе етаблираните производители.
 
 
Конечната одлука дали да го напуштат пазарот на мобилни процесори ќе биде донесена наредната година бидејќи веќе се во подготовка неколку чипсети кои ќе бидат претставени за време на MWC во Барселона, но со оглед на слабиот интерес кај производители речиси сигурно е дека нема да дојде до некаков пресврт и Intel ќе ја заврши мобилната авантура.