Секој шеф ќе носи Google Glass

Објавено на 04.02.2014 во Новости



Секој шеф ќе носи Google Glass

ABI Research ја изработи прогнозата за новиот хај-тек производ Google Glass според која голем интерес покажале многу компании во САД и најоптимистичките предвидувања велат дека веќе се порачани 2 милиона примерока.
 
 
Google очигледно завршил одлична работа со промоција на паметните очила Google Glass пред економскиот сектор кој секогаш е значаен извор на средства и важен партнер за компаниите. Според ABI Research компаниите одлично ја прифаќаат идејата за примена на паметните очила во нивниот работен процес бидејќи може да ја зголемуваат работната ефикаснот и да се изнајдат нови методи на работа. 
 
 
Што се однесува до комерцијалниот сектор односно широката потрошувачка сеуште е рано да се говори за голема прифатеност на Google Glass бидејќи потребно е време корисниците да се запознаат со функциите на производот, но доколку се појави силен тренд на побарувачка сите ќе сакаат да носат Google Glass чисто за да бидат во мода.