Никој не го сака Стивен Елоп во Microsoft

Објавено на 06.02.2014 во Новости



Никој не го сака Стивен Елоп во Microsoft

Стивен Елоп ја изгуби битката за нов извршен директор на Microsoft отако во еден период беше еден од главните кандидати но, местото го завзема Сатја Надела од секторот за Cloud and Enterprise и полека се откриваат причините за неговиот пораз.
 
 
Според информации од Microsoft Стивен Елоп е непопуларен поради слабиот успех како главен директор на Nokia и лошиот публицитет за носењето на повеќе погрешни одлуки. Фановите на Nokia се особено бесни на Стивен Елоп и го обвинуваат за заостанувањето на некогашниот гигант во мобилната индустрија.
 
 
Втората причина за поразот е неговата замисла да го продаде секторот за XBox и Bing производи кои и понатаму се непрофитабилни и одземаат голем дел од ресурсите на Microsoft но, Сатја Надела понуди нова програма која се софпаѓа со идејата за обединување на сите производи и услуги во една унифицирана понуда на Microsoft.