Разликата меѓу телефоните некогаш и сега

Објавено на 12.02.2014 во Новости



Разликата меѓу телефоните некогаш и сега

Кога ќе ги спомнете новите мобилни телефони веднаш помислувате на моќна камера, можност за користење на интернет во секое време и голем број на додатоци и апликации, додека пак старите телефони најмногу служеа само за јавување и пораки, но имаа неколку предности кои не се надминати.
 
 
Еден од најголемите проблеми на модерните смартфони се нежните екрани на допир изработени од стакло кои многу лесно се оштетуваат и цело време се грижите да не ви паднат. Вториот проблем е издржливоста на батеријата која мора да ја полните барем еднаш дневно, додека старите мобилки воопшто немаа ваков проблем.
 
 
Секое време си носи свои бенефити што не значи дека треба да жалиме за старите Nokia 3310, Ericsson К800 или Samsung Е700, но добро би било производителите да се потрудат да внесат поголеми иновации во издржливоста на екранот и батеријата на новите смартфони.