Најбизарниот парфем-телефон во историјата

Објавено на 19.02.2014 во Новости



Најбизарниот парфем-телефон во историјата

Hyundai е можеби добро познат по производството на автомобили но, малкумина знаат дека оваа компанија го има создадено најбизарниот телефон на светот или поточно кажано првиот парфем-телефон.
 
 
Се работи за моделот Hyundai MP280 кој бил лансиран во не така далечната 2005 година и бил наменет пред се за женската популација. Под екранот во главното копче во облик на пеперутка билe внесени неколку капки парфем и со пристискање телефонот добива пријатен мирис кој траел во наредните 8 часа.
 
 
Можеби ова на некого ќе му звучи како генијална идеја но, со оглед на катастрофалната продажба на Hyundai MP280 може да заклучиме дека луѓето не сакаат да се „шприцаат“ дури зборат на телефон.