Icis се модерниот конкурент на Google Glass

Објавено на 19.02.2014 во Новости



Icis се модерниот конкурент на Google Glass

Icis e најновиот конкурент на Google Glass, паметни очила кои ќе бидат пласирани на пазарот во наредниот период и на прв поглед воопшто не наликуваат на чуден хај-тек уред туку имаат дизајн кој ги прави многу модерни, практични и сосема вообичаени и најважно од се прилагодливи на секој лице.
 
Laforge Optical debuts its fashionable, prescription smart glasses on Indiegogo
 
Icis имаат HD екран и камера со висок квалитет, па така полето на видик ќе биде исполнето со виџети од левата и десната страна кои нема да го попречуваат корисникот, а исто така ќе биде прикажувана содржина од социјалните мрежи базирана на тоа што најмногу го интересира самиот корисник. Мотото на компанијата Laforge е дека секој има различен поглед на светот, а со паметните очила Icic може да видите многу повеќе.
 
 
Целта на компанијата Laforge е да собере средства за концептот на паметните очила Icis преку јавно финансирање а, заинтересираните ентузијасти ќе треба да платат 620 долари и модерните паметни очила ќе ги добијат во јануари 2015 година, кога се очекува пласманот на првата серија на Icis.