Sony ги најави Smart EyeGlass
Објавено на 25.02.2014 во Новости
Sony официјално потврди дека работи на свои паметни очила кои ќе бидат конкурент на Google Glass и го промовираше првото демо видео од кое може да се заклучи дека производот се уште е во рана фаза и има време за развој на целиот концепт.
Според тоа што може првично да видиме Sony Smart EyeGlass ќе бидат фокусирани на навигација која ќе му помогне на корисникот во затворени и отворени простори, додека пак хардверот е составен од камера, микрофон, Wi-Fi и Bluetooth конекција и голем број на сензори.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.