Google Glass ставени на екстремни тестови

Објавено на 09.04.2014 во Новости



Google Glass ставени на екстремни тестови

Првите смарт очила Google Glass се уште не се глобално достапни за купување, туку е лансирана само ограничена серија за девелопери, но тоа не значи дека не може да се прават тестови за издржливост. При вакви тестирање мора да признаеме дека омилени ни се видеата на Tech Assassin кој ги спротистави Google Glass со моќната Vector автоматска машинка.
 
 
За да не ја уништи целата забавa уште на старт Tech Assassin ги направи стандардните тестови со Google Glass кои се покажаа одлично при пад на трева, односно мека површина, потоа пад од висина на очите на тврда бетонска површина и на крај целосно потопување во вода. Потоа доаѓа „најслаткиот“ тест, односно приказ на можностите на пушката Vector и уништување на Google Glass во забавена снимка, погледнете во продолжение.