Nokia замина во историјата - Заврши претопувањето во Microsoft

Објавено на 25.04.2014 во Новости



Nokia замина во историјата - Заврши претопувањето во Microsoft

25 април ќе биде забележан како историски ден во кој финскиот бренд за мобилни телефони Nokia речиси целосно згаснува и се претопува во Microsoft кој по цена од 7.5 милијарди долари се стекна со правото да го користи нивниот хардвер, заедно со најпознатиот бренд Nokia Lumia.
 
 
Свое последно јавно обраќање имаше и Стивен Елоп досегашниот главен директор на Nokia кој изјави дека сега се едно со Microsoft и ќе имаат одлична можност да ги спојат сите знаење и технологии во квалитетен заеднички производ кој ќе биде главен избор на корисниците.
 
 
Стивен Елоп е контроверзна личност кој всушност во Nokia на челната позиција дојде токму од Microsoft и за три години компанијате изгуби 95 проценти од профитот и речиси целосно го изгуби пазарниот удел на смартфони.
 
 
Негова беше одлуката целосно да се напуштат софтверските платформа MeeGo и Sybian и да се користи исклучиво Windows Phone изработен од Microsoft, оперативен систем кој долго време беше во експериментална фаза, со мал број на апликации, ограничена функционалност и слаба корисничка подршка.
 
 
Токму затоа Стивен Елоп се смета за директен виновник за пропаста на Nokia, неизбежната продажба и можно згаснување на брендот, а голем гнев врз себе навлече со менаџерскиот договор кој ќе му донесе 25 милиони долари поради склучениот договор за транзиција. Како ќе се развива понудата на смартфони во иднина ќе зависи исклучиво од Microsoft кој ќе сака да направи поголема интеграција на сопствените сервиси.
 
Автор
 
Христијан
 
Автор: Aleksandar Stankov