Кинезите растураат - Прво видео од клонот на iPhone 6

Објавено на 16.07.2014 во Новости



Кинезите растураат - Прво видео од клонот на iPhone 6

Како што беше најавено кинеските фалсификатори успеаа да направат функционален клон на iPhone 6 и тоа на прототипот кој беше прошверцуван од фабриките на Foxconn кои соработуваат со Apple.
 
 
Од првото видео на клонот на iPhone 6 може да видиме дека смартфонот работи на многу вешта копија на оперативниот систем iOs 7 но, нека не ве лаже изгледот бидејќи не постои никаква можност тој целосно да функционира и да имате пристап до апликациите во App Store бидејќи тој е базиран на Android.
 
 
Уште сега предупредуваме да внимавате во септември откако ќе излезе официјалниот iPhone 6 смартфон бидејќи пазарот ќе биде преплавен со идентични копии кои воопшто не се квалитетни и залудно ќе си ги потрошите парите.