Како да ги запрете досадните нотификации на Android

Објавено на 07.08.2014 во Туториали



Како да ги запрете досадните нотификации на Android

Известувањата за новитети на оперативниот систем Android се навистина корисни и може веднаш да дознаете што е ново на апликациите и интернет сервисите кои ги користите, но некои од нив може да бидат екстремно досадни, особено нотификациите кои постојано пристигнуваат од мобилните игри со што ви се одвлекува вниманието, па затоа следи совет како да ги исклучите.
 
 
Најпрво го отворате менито Settings каде ќе ја најдете листата Apps на која се наоѓаат и сите инсталирани игри. Откако ќе ја пронајдете играта што постојано ви испраќа пораки и разни информации и промоции може да ја кликнете со што ќе ви се отвори мени со сите поврзани информации.
 
 
На горната страна стои опцијата Show Notifications и доколку повеќе не сакате да ве вознемируваат може да ја отштиклирате. Истата процедура важи и за било која апликација, но препорачуваме да ги оставите нотификациите активни за сервисите за комуникација, за да не пропуштите некоја важна порака или информација.