Nokia ги прати корисниците на iPhone на психијатар

Објавено на 09.09.2014 во Новости



Nokia ги прати корисниците на iPhone на психијатар

Nokia лансираше нова урнебесна реклама во која им се потсмева на корисниците на iPhone, конкретно на тие што се разочарани од гласовната апликација Siri која не ги исполнила нивните очекувања.
 
 
Во „врската“ со Siri корисниците се постојано фрустрирани бидејќи не ги добиваат информациите и услугите што им требаат и апликацијата воопшто не функционира како што Apple најави во рекламите. 
 
 
Решението за „лошата врска“ е да најдете совршена замена која најверојатно погодувате дека треба да се бара во Cortana и смартфоните со Windows Phone 8.1 како Nokia Lumia 635.