HTC 8X ќе добие најнов Windows

Објавено на 12.09.2014 во Новости



HTC 8X ќе добие најнов Windows

HTC оваа година не лансираше посебен Windows смартфон, туку реши да направи нешто уште подобро, а тоа е да го издигне премиум моделот HTC One M8 со новиот оперативен систем Windows Phone 8.1. Откако премиум класата е покриена добра вест доаѓа и за купувачите во средната класа, но и за оние кои веќе го поседуваат ланскиот модел HTC 8X кој е потврдено дека ќе добие надградба на софтверот.
 
HTC го претстави Windows Phone 8X
 
HTC 8X кон крајот на октомври би требало да ја добие најновата верзија на Windows Phone 8.1 и надградбата ќе се комплетира во сите региони. На овој начин со HTC 8X ќе може да ги користите новитетите како гласовниот асистент Cortana, потоа нотификациите и контролен центар, како и голем број на подобрувања во сите категории. Дали истиот третман ќе го добие и моделот HTC 8S се уште не соопштено.




Прочитајте повеќе: