Смарт наочарите на Sony се похипстерски од Google Glass

Објавено на 20.09.2014 во Новости



Смарт наочарите на Sony се похипстерски од Google Glass

Google секогаш ќе го носи епитетот пионер во областа на смарт очилата и најдобро знае кои се добрите и лошите страни на еден футуристички проект, а сега сите останати конкуренти имаат шанса да направат подобар продук. Sony Mobile ќе се обиде да ја наруши позицијата на Google Glass со новите Smart Eyeglass.
 
Фокусот на Sony Smart Eyeglass ќе биде ставен на пренесената реалност каде ќе функционираат нови апликации со додадени содржини, на пример информации и мапа на локација која ја гледате во моментот, софтвер за препознавање на лица и многу интересни новитети.
 
 
Smart Eyeglass има 3 мегапикселна камера, микрофон и голем број на различни сензори, додека пак најголем недостаток е батеријата која не е вградена и ќе мора да ја закачите на облеката. Sony како најголем адут ја истакнува видливоста на екранот и големата транспарентност така што нема да имате проблеми и пречки во видното поле. 
 
 
Првичниот дизајн на Smart Eyeglass нема премногу да ве воодушеви бидејќи наочарите се прилично гломазни, а може да се поврзат со смартфон преку Bluetooth, заедно со Wi-Fi конекција за интернет. Промоцијата на Smart Eyeglass ќе се одржи во март 2015 година, а цената се уште не е откриена.