Dropbox ќе се интегрира со Samsung, HTC и Sony

Објавено на 07.10.2014 во Новости



Dropbox ќе се интегрира со Samsung, HTC и Sony

Cloud сервисот Dropbox има амбиција да биде неизоставен дел од вашиот Samsung, HTC или Sony смартфон и посебната апликација навистина да ви биде од корист, наместо да ви зафаќа место на почетниот панел со нови функции кои ќе бидат вградени во самиот интерфејс.
 
 
Кристин Муд раководителот на Dropbox's Mobile Partnerships одделот изјави дека поголемата синхронизација со смартфоните на Samsung, HTC и Sony ќе се постигне со можност директно да ги складирате вашите слики од галеријата на камерата, а Dropbox  ќе ви овозможи да ги сочувате сите неопходни информации на долг период
 
 
Dropbox апликацијата за Android со основниот бесплатен пакет на селектирани смартфони нуди и до 50 GB месечно и до складираните фајлови и документи може да пристапите од било кој компатибилен уред. Интеграцијата на Dropbox со вашиот смартфон ќе се одвива во повеќе фази со додавање на нови можности во самиот интерфејс.