UMi Zero - Ново чудовиште од Кина

Објавено на 08.10.2014 во Новости



UMi Zero - Ново чудовиште од Кина

Кинеските иноватори не престануваат да не изненадуваат со нови екстра смартфони од премиум класата со многу ниски и достапни цени. Најнов во таа понуда е смартфонот UMi Zero кој доаѓа од анонимен бренд кој сака да се пробие на големата сцена. 
 
 
UMi Zero доаѓа со квалитетен Super AMOLED 5 инчен Full HD дисплеј и дизајн составен од двa супер издржливи Corning Gorilla Glass 3 стаклени панели зацврстени со метална рамка и е многу тенок со само 6.4 милиметри.
 
 
Хардверот е составен од осум-јадрен MediaTek MT6592T процесор, Mali 450 GPU графичка, 2 GB RAM, 13 мегапикселна камера, како и батерија од 2400 mAh. UMi Zero работи на Android 4.4 KitKat, а цената е поставена на само 250 долари.
Автор: Aleksandar Stankov