LG G4 ќе има 20 MP OIS камера

Објавено на 15.10.2014 во Новости



LG G4 ќе има 20 MP OIS камера

LG Mobile демонстрираше пробен модел на 20 мегапикселна камера со технологија за оптичка стабилизација на сликата која најдобрa примена наоѓа при снимање на видеа и одржување на постојан фокус без дисторзии. Сензорот на камерата е позајмен од Sony, додека целосната апаратура е за 50 проценти поефикасна од 13 MP камера на LG G3.
 
 
Сосема логично е да се претпостави дека овој камера модул ќе се најде во наредниот премиум смартфон LG G4, а тоа може да се случи и порано со некој нов уред како што е LG G Pro 3 кој најдобро ќе се спротистави на Samsung Galaxy Note 4 со Quad HD дисплеј, четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 805 процесор и батерија со капацитет до 3500 mAh.