Google со Inbox ќе ви го организира животот

Објавено на 23.10.2014 во Туториали



Google со Inbox ќе ви го организира животот

Google ја најави новата организациска апликација Inbox која е дело на истата екипа која работи и на Gmail што знчачи дека во основа ги користи функциите за примање на електронски пораки од вашиот e-mail но, со многу понапредни можности за организација на вашите планови и обврски.
 
 
Inbox постои за да го редуцира времето потребно за читање на сите e-mail пораки кои ви пристигнуваат во текот на денот, издвојувајќи ги најважните содржини наменети за вас, како и посочување на закажани обврски, настани, шопинг листи, состаноци, резервации за патување и секаков вид на планови.
 
 
Преку Inbox може да добиете известување дека набрзо ќе имате авионски лет кој сте го закажале електронски или пак да ви достави мапа од ресторанот во кој сте резервирале вечера преку e-mail. Inbox има огромни можности за организација на работните обврски и не е само уште e-mail клиент. 
 
 
Корисниците во оваа фаза може да ја добијат пробната верзија на Inbox, а за да добиете покана треба да се регистрирате со меил на [email protected].
Автор: Aleksandar Stankov