Ве мрзи да решавате задачи - Пробајте ја PhotoMath апликацијата

Објавено на 24.10.2014 во Новости



Ве мрзи да решавате задачи - Пробајте ја PhotoMath апликацијата

Хрватскиот стартап MicroBlink ја лансираше апликацијата PhotoMath која наместо вас ќе решава математички задачи преку камерата на смартфонот. Апликацијата препознава само испечатени, но не и рачно внесени математички задачи и ви ја покажува процедурата на решавање чекор по чекор.
 
 
За апликацијата PhotoMath веднаш излегоа негативни коментари бидејќи ќе им помогне на учениците да препишуваат на тестовите по математика и дека го намалува потребниот труд сами да ја решите задачата со што се развива логиката. 
Од MicroBlink велат дека тоа не им е намерата, туку се надеваат дека PhotoMath ќе биде корисна алатка за сите ученици, особено кога им треба помош полесно да ги разберат математичките проблеми, како и да се снајдат кога нема кој да им покаже. 
 
 
Амбициите на MicroBlink сепак се насoчени на друго место, односно софтверот за препознавање на текст и слики се надеваат дека ќе најде примена во други посложени области и програмата ќе ја понудат на заинтересирани партнери за развој на апликации. 
 
 
PhotoMath е бесплатна за користење и може да ја инсталирате на iOs уредите од Play Store, како и на Windows Phone смартфоните, додека пак корисниците на Android својата верзија ќе ја почекаат до почетокот на 2015 година.
 
Pocket Formulas - screenshot
 
Да потсетиме дека на располагање имате и македонска апликација за решавање на равенки Pocket Formulas која не ги решава задачите автоматски, но е одлична за учење.