Samsung Galaxy S6 ќе има ретина скенер и што уште не

Објавено на 27.10.2014 во Новости



Samsung Galaxy S6 ќе има ретина скенер и што уште не

До промоцијата на Samsung Galaxy S6 има уште цели пет месеци но, тоа не значи дека сезоната на атрактивни шпекулации не може да започне. Една од нив е можноста за употреба на скенер за рожницата од окото, кој истовремено ќе служи и за скенирање на отпечатоци од прсти. Ваквиот додаток нема да биде кој знае колку корисен, но секако ќе допринесе за актрактивноста на смартфонот.
 
Во изработката на Samsung Galaxy S6 постои можност да бидат искористени сосема нови материјали и пластиката конечно да биде заменета со метални делови. Samsung Galaxy S6 до март има доволно време да ги собере најмоќните компоненти како осум-јадрен Snapdragon 810 процесор, 20 мегапикселна OIS камера, а исто така ќе биде применет и новиот Wi-Fi стандард од 60 GHz кој е пет пати побрз и е дело на самата компанија.