И Lenovo забега - Погледнете го клонот на iPhone 6

Објавено на 05.11.2014 во Новости



И Lenovo забега - Погледнете го клонот на iPhone 6

Lenovo навистина не изненади и тоа многу непријатно бидејќи ја сметавме за сериозна компанија која со сопствен труд и иновации успеваше да привлече повеќе купувачи, но со најновиот клон на iPhone 6 тој углед целосно паѓа во вода. Нивниот Lenovo S90 Sisley освен што има чудно име и целосно го копира изгледот на iPhone 6, ја користи и истата промотивна шема која Apple ја постави на iTunes.
 
 
Станува збор за бесрамно копирање на сите аспекти на Apple и претпоставуваме дека можно е да се покрене тужба, доколку Apple сака да влезе во нова судска војна, која овој пат многу лесно ќе ја добие. Анонимните кинески брендови често пласираат клонови на познати смартфони, но кога признат производител како Lenovo копира го сфаќаме како потег на очајност и навреда за фановите.
 
 
 
Lenovo S90 Sisley би бил сосема солиден смартфон ако не беше безобразен клон со 5 инчен AMOLED HD дисплеј, четири-јадрен Qualcomm процесор, 1 GB RAM, 13 мегапикселна главна и 8 мегапикселна селфи камера, супер тенко тело од 6.9 милиметри и оперативен систем Android 4.4 KitKat. 
 
 
Цената на клонот ќе изнесува 350 долари во Кина и треба да ги задоволи потребите на купувачите кои сакаат „евтин iPhone 6“.