Samsung Galaxy Note 5 ќе ве остави без здив со 4K HD дисплеј

Објавено на 09.11.2014 во Новости



Samsung Galaxy Note 5 ќе ве остави без здив со 4K HD дисплеј

Откако излегоа информации за флексибилниот дисплеј на Samsung Galaxy S6 со две острици, сега се откриваат и првите детали за Samsung Galaxy Note 5 кој ќе има супер AMOLED дисплеј со рекордна 4K HD резолуција, што е сосема изводливо бидејќи до неговата промоција има уште најмалку десет месеци.
 
Samsung Galaxy Note 5 апсолутно ќе воодушеви со 6 инчен 4K HD дисплеј со неверојатна резолуција од 743 ppi, што е сигнал дека фаблетот ќе има висок степен на мултифункционалност за уште поширок спектар на употреба. Според традицијата Note фаблетот доаѓа на почетокот на есента, но доколку продолжи слабата продажба можно е Samsung да побрза со промоцијата.
 
Познато е дека Samsung има мали финансиски проблеми во последните три месеци бидејќи не ги воведе потребните иновации во премиум класата, а е под силен напад во средната и ниска класа од евтините кинески брендови, па затоа во 2015 година ќе нападне со сите оружја.