Путин го изненади кинескиот претседател со Yota Phone 2

Објавено на 11.11.2014 во Новости



Путин го изненади кинескиот претседател со Yota Phone 2

Владимир Путин претседателот на Руската Федерација при најновата посета на Кина го изненади претседателот Кси Џингпинг со двата модели на рускиот иновативен смартфон Yota Phone 2 кој има два дисплеи, еден преден AMOLED панел на допир, како и помошен e-ink дисплеј на задната страна.
 
 
Yota Phone 2 е целосно изработен во Русија и покрај двата дисплеи нуди интересен сетап на компоненти со четири-јадрен процесор од 2.3 GHz, 2 GB RAM, 32 GB меморија, 8 мегапикселна камера, а за софтверот го користи Android KitKat. Токму средбата на највисоко ниво ја отвора вратата за пласман на Yota Phone 2 на големиот кинески пазар.

Кинескиот претседател бил заинтересиран за можностите за соработка со русите на Yota Phone 2, па можеби на следната средба ќе му возврати на Владимир Путин и ќе му подари нов модел на Huawei или Xiaomi смартфон. Yota Phone 2 на овој начин доби голема промоција и подршка за претстојниот пласман по цена од околу 300 евра.