Сакате iPhone 6 со Android - Има и таков

Објавено на 28.11.2014 во Новости



Сакате iPhone 6 со Android - Има и таков

Apple нема намера во блиска иднина да лансира iPhone со Android оперативен систем иако мора да се признае дека овој потег би бил премногу интересен. Затоа на сцена стапуваат кинеските производители кои не се грижат за клонирањето на iPhone 6, но секако со Android оперативен систем.
 
 
Во претходните години приматот го држеше GooPhone кои ни беа омилени, но сега се заменети од Dakele кој е апсолутниот шампион во копирањето на дизајнот на iPhone 6. Dakele 3 има 4.7 инчен HD дисплеј, 64 битен MediaTek процесор со 8 јадра и 13 мегапикселна камера. 
 
 
За тие што не се запознаени со кинеските клонови апелираме да бидете внимателни бидејќи може да се најдат и во Македонија по смешни цени, но не препорачуваме да ги купите бидејќи се претерано неквалитетни.